Почина Питер Грин: Основачот на „Флитвуд Мек“ умрел на 73. години

Коосновачот на „Флитвуд Мек“, Питер Грин, починал на 73-годишна возраст, потврдиле неговите адвокати…
Во соопштението се вели: „Со голема тага семејството на Питер Грин ја објави неговата смрт овој викенд, починал мирно, во сон.
„Дополнителна изјава ќе биде дадена во наредните денови“.
Лондонскиот музичар го формираше „Флитвуд Мек“ во 1967. година, а групата се сметаше за еден од најдобрите и најуспешните рок бендови на сите времиња.


Грин го напушти „Флетвуд Мек“ по последниот настап во 1970 година, додека се борел со тешкотии во менталното здравје.
На крајот му била дијагностицирана шизофренија и времето го минувал во болници каде му биле вршени електро-конвулзивни терапии во средината на 70-тите години.
Грин беше меѓу осумте членови на групата – заедно со Флетвуд, Стиви Никс, Линдзи Бакингам, Џон Мекви, Кристин Мекви, Дани Кирван и Џереми Спенсер – кои беа вклучени во Rock & Roll Hall of Fame во 1998 година.
Групата првично била наречена Peter Green’s Fleetwood Mac featuring Jeremy Spencer..
Тој ги напишал популарните песни на„Флитвуд Мек“, Black Magic Woman и Albatross.



Претходно оваа година, уметници вклучувајќи ги Флетвуд, Дејвид Гилмур на Пинк Флојд, Били Гибонс од ЗиЗ иТоп и гитаристите Џони Ланг и Енди Ферведер Лоу настапија на лондонскиот паладиум за време на свирка која ги славеше раните години на Флитвуд Мек и нејзиниот основач Питер Грин.
Тажната вест доаѓа неколку дена откако Флетвуд Мек објави дека тие треба да издадат ретроспективен албум, документирајќи ги раните години на групата помеѓу 1969. и 1974. година.
Пред да го формираат Флитвуд Мек, Грин и Флетвуд претходно заедно свиреле во John Mayall & the Bluesbreakers.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонскиот краток филм „Мала шега“ влезе во официјална селекција на престижен филмски фестивал во Данска

Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ кој беше во конкуренција со 4140 кратки филмови од светот …