(ВИДЕО) Нема кој не го сака: Ролат со банани

Овој ролат најмногу го сакаат децата
Состојки за кора:
4 јајца
4 лажици мелени ореви
2 лажици брашно
5 лажици кристал шеќер
1 лажица какао во прав
1/2 кесичка прашок за печиво
Фил:
600 мл млеко
4 лажици кристал шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
100 г шеќер во прав
180 г маргарин
3 – 4 банани
Подготовка: кора: изматете ги јајцата со шеќерот, додајте какао и ореви, продолжете со матење, потоа вмешајте брашно со печиво. Изматената смеса рамномерно распоредете ја во правоаголна тава покриена со хартија за печење. Ставете во рерна загреана на 180 степени и печете околу 10. минути. Испечената кора извадете ја од рерната, оставете неколку минути во тавата а потоа заедно со хартијата извадете и завиткајте ролат – со хартијата или со влажна крпа.
Подготовка на филот: млекото истурете го во соодветен сад и ставете да се загрева, претходно одвојте 100 мл кои ќе ги измешате со брашното. Во млекото што се загрева ставете ги шеќерот и ванилата. Кога млекото ќе зоврие додајте ја смесата со брашно и сварете густ крем. Тргнете на страна и кремот покријте го со прозирна фолија, да не се фати коричка и оставете да се излади.
Маргаринот изматете го пенесто со шеќерот во прав, продолжете го матењето и полека додавајте од ладниот крем да изматите хомогена и воздушеста смеса.
Одвиткајте ја кората и намачкајте со филот, ставете банани, завиткајте во ролат. Намачкајте со фил и украсете по желба.
До служење префрлете во фрижидер.

Повеќе детали околу подготовката погледнете во видеото:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Утре на повеќе места врнежи и грмежи – Локално се очекуваат и поинтензивни Атмосферски процеси, во форма на невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, утре (четврток 2.5.2024) …