Пет грешки кои повеќето луѓе ги прават по раскинувањето: Вака е се’ потешко

Обид за создавање пријателски односи веднаш по раскинувањето
Да се ​​биде пријател со некој кој до вчера ви бил љубовник не е невозможно, но не може да се случи преку ноќ. Потребно е време да се залечат раните и да се прифати нова ситуација. Дури и ако вие двајцата се познавате со години и прво бевте пријатели, едноставно не е во ред да се обидете да го обновите тоа пријателство ако штотуку раскинавте. Емоциите кои се уште се сирови нема да ви дозволат да го погледнете со пријателски очи.

Нова врска
Добар дел од луѓето веруваат дека најдобриот лек за заборавање на старата врска е влегувањето во нова. Вистината не може да биде подалеку од тоа. Да барате некој кој ќе ви послужи само како впивач на вашите негативни емоции едноставно не е фер. Можеби имате впечаток дека лесно сте продолжиле понатаму, но доколку не сте одвоиле време да размислите за се што ви се случило со бившиот и да научите од се, големи се шансите да ги повторите вашите грешки.


Шпионирање на социјалните мрежи
До вчера бевте многу возбудени што објавувате заеднички фотографии на социјалните мрежи и срцето ви беше полно кога другите позитивно ја коментираа вашата љубов, а денес веќе го демнете неговиот профил и барате нешто ново и неочекувано. Иако ќе ви биде тешко да се изборите со нагонот да го шпионирате на социјалните мрежи, таквиот чин само ќе ви ја продолжи болката. Нема да ви биде добро ако го видите на слики со други девојки или надвор во градот со неговото друштво без вас.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски

Коалиција МАРГИНИ, во партнерство со List Production и Младински Културен Центар со задоволство ве поканува …