Сочувство од Советот на амбасадори по повод смртта на Илинка Митрева

Со неверување и тага, ние, нејзините колеги и соработници од Министерството за надворешни работи, ја примивме веста за прераното заминување на Илинка Митрева од нашата средина.
Илинка, во изминативе три години со внимание ги следеше активностите на Советот на амбасадори и беше наш сериозен подржувач.
Илинка Митрева вложи големи напори и вгради забележлив придонес во афирмирањето на меѓународните позиции на Република Македонија во тешките времиња по осамостојувањето на Македонската држава!
Совет на Амбасадори упатува искрени сочувство до членовите на нејзиното семејство и до нејзините блиски пријатели како и до членовите на академската средина каде таа помина децении на макотрпна и успешна работа.
Извршен одбор на Советот на амбасадори

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Нов “дијамант” на македонската кошарка

На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига …