ПАНДЕМИЈА СО КОРОНА ВИРУС: Заразени скоро 3. милиони луѓе – Најкритично во САД

Во светот се забележани 2.995.209 случаи на корона вирус, а починале 207.009 според податоците на статистичкиот портал Worldometers.

Се опоравиле 881.525 лица.
Најмногу заразени има во Соединетите Американски Држави, 987.322. Потоа следат Шпанија (226.629), Италија (197.675) и Франција (197.675).
Најмногу смртнби случаи и понатаму бележи САД – 55.415.


Попуштаат мерките
Неколку сојузните држави во САД, и покрај предупредувањата од некои здравствени работници, се подготвуваат да ја започне економијата следната недела, кога се предвидува дека невработеноста поради воведените мерки да достигне 16 проценти во април. Здравствените експерти велат дека олеснувањето на мерката ќе доведе до поголема интеракција кај луѓето и може да предизвика нов бран на Ковид-19, респираторно заболување предизвикано од новиот коронавирус. Колорадо, Мисисипи, Минесота, Монтана и Тенеси ќе се приклучат на неколку други држави во експериментот за повторно отворање на економијата.
Во Америка вчера починале повеќе од 1.000 лица.
САД вчера пријавиле повеќе оид илјада починати од корона вирусот, јавува CNN. Забележани се 26.732. нови случаи.



РЕГИОН
Словенија – 1.396
Хрватска – 2.030
БИХ – 1.516
Србија – 8.042
Македонија – 1.386
Црна Гора – 321
Албанија – 726
Грција -2.517
Бугарија – 1.348

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …