ПАНДЕМИЈА НА КОРОНА ВО СВЕТОТ: Бројот на заразени во САД поминал два милиони

* Во светот 7.460.415 лица се разболеле од корона вирус
* Починале 419.049, а се опоравиле 3.779.035 луѓе
* Соединетите американски држави со најмногу заразени и починати


Бројот на заразени со коронавирус во Соединетите држави во четвртокот надмина два милиони, додека во последните 24 часа таа земја имала повеќе од илјада мртви, покажуваат податоците на универзитетот Џон Хопкинс.
Вкупно 112.900 луѓе починале од ковида-19 во САД досега.
Првата светска економска сила во светот во апсолутните бројки е далеку најпогодена во светот, како по бројот на умрените лица од „ковид-19“, така и според бројот на дијагностицирани случаи на инфекција.
САД продолжуваат да бележат околу 20.000 нови случаи секој ден.
Во моментов има повеќе пациенти во болниците во Тексас и Северна Каролина отколку пред еден месец.
„Њујорк Тајмс“ пренесува дека бројот на пациенти расте во 21. земја, и покрај подобрувањето на состојбата во државите кои се најпогодени, како Њујорк, се појавија нови жаришта.
Меѓу државите каде што се зголемува бројот на заразени се Ново Мексико, Јута, Јужна Каролина, Арканзас и Флорида.
Соединетите држави би можеле да имаат 200.000 смртни случаи во одреден момент во септември, како што изјавил Ешиш Џа, шеф на Институтот за глобално здравје на Харвард за Си-Ен-Ен.
„Кога бројот на случаи не би растел, ако ја задржиме кривата рамно, разумно е да се очекува дека ќе имаме 200.000 мртви во одреден момент во септември. И тоа само до септември. Пандемијата нема да заврши во септември“, рекол тој.



„Јас сум навистина загрижен за следните недели и месеци“, додал тој.
Сегашното зголемување на бројот на случаи Џа го припишува на фактот дека САД е единствената голема земја која започнала со мерки за олеснување, без претходно да има контролирана ситуација, што би значело позитивна стапка на тестовите до пет проценти за 14 дена.
Здравствените власти предупредуваат дека секој што е вклучен во протестите против расизмот и полициската бруталност во САД по смртта на Џорџ Флојд на 25. мај,треба да се тестира.
Сепак, потпретседателот Мајк Пенс не е загрижен поради тоа. „Она што можам да ви кажам е дека нема зголемен број на нови случаи во моментот, скоро две недели од почетокот на протестите. Многумина носеа маски на протестите и ја држеа оддалеченоста“.


Рекордниот  број на мртви не го одлага отворањето на продавниците
Иако во Сао Паоло, Бразил, втор ден по ред е регистриран рекорден број на смртни случаи од ковид 19, градските власти дозволеле отворање на продавниците.

Канада со „ковид надоместок“
Отворањето на малите бизниси во Канада пред две недели било проследено со непријатно изненадување, затоа што посетата на фризерот, одење во ресторан или стоматолог, вклучува нова ставка на сметката – ковид надоместок.
Таканаречената „ковид компензација“ е осмислена да помогне да се покријат трошоците за опрема за лична заштита за вработените, зголемените санитарни мерки или изгубени приходи како резултат на намалувањето на бројот на клиенти што бизнисот може да ги послужи со новите мерки.


РЕГИОН
Словенија – 1.488
Хрватска – 2.249
Србија – 12.031
БИХ – 2.775
Македонија – 3.364
Црна Гора – 324
Албанија – 1.341
Грција – 3.068
Бугарија – 2.993

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …