(ФОТО) Српската водителка ја покажала раката која пред 15. месеци и ја откина автобус

Српската презентерка Деа Ѓурѓевиќ, чија рака во тешка сообраќајна несреќа во февруари 2019 година,беше откината од автобус, се појавила на белградски сплав на прослава по повод крајот на снимањето на сериите „Црвена месечина“.
Деа на прославата дошла облечена во црн фустан без ракави и на тој начин ја покажала раката со видливи лузни од шиење. Таа била придружувана од нејзиниот партнер Младен Мијатовиќ, а двајцата носеле маски на лицето.


Поминаа 15 месеци од грозоморната несреќа и иако мора да ја задржи раката во повој, Деа на социјалните медиуми редовно го прикажува својот напредок во заздравувањето и неодамна открила дека успеала да ги придвижи прстите.
Таа неодамна откри во едно интервју дека психијатар и помага да се справи со ПТСП и дека таа сè уште секој ден го започнува со лекови.

“Морам да признаам дека најтешко ми е да не можам сама да се искапам, да се облекувам и да јадам. Но, кога е најтешко, јас сум најсилна и работам на тоа сето тоа да го направам што е можно поскоро”, рекла таа во едно интервју.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …