(ФОТО) „ОПАСНИ МЕКИЦИ“: Сопругата на Жељко Јоксимовиќ позитивна на корона вирус!

Во Србија последните денови е актуелна веста дека Цеца Ражњатовиќ стана баба откако нејзиниот син Вељко доби наследник…но…
Се чини дека прославата на раѓањето на внукот на Цеца Ражњатовиќ била опасна за сите присутни на мекиците по повод раѓањето на нејзиниот внук…
После веста дека Цеца и нејзиниот син се позитивни на Ковид-19, откриено е дека на свеченоста во домот на фолк ѕвездата се разболеле и други познати личности.


Една од нив е Јована Јоксимовиќ, сопруга на популарниот Жељко Јоксимовиќ, водителка на утринската програма на ТВ Прва.


Порталот Пинк објави дека домаќинката била тестирана позитивно за присуството на вирусот, но и дека многу други јавни личности, кои присуствувале на споменатата прослава, биле загрижени и биле подложени на тестови, поради сознанијата дека домаќините и некои гости биле болни.
Медиумите во Србија објавија дека вирусот се раширил затоа што еден од гостите бил позитивен на корона, а дека тој најверојатно тоа дури и не го знаел.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …