Овогодинешните Оскари повторно со водител

Вечерта на доделувањето на Оскарите, наградата на Американската академија за филмски уметности и науки, повторно ќе биде со домаќин на церемонијата за прв пат од 2018. година, објави американската телевизиска мрежа ABC, која секоја година ја емитува церемонијата.
Овогодинешното 94-то доделување на Оскарите, кое е закажано за 27. март, се враќа во Холивуд и традиционално во театарот Долби.
Минатата година, поради епидемијата на коронавирус, академијата организираше гала вечер на голема железничка станица во центарот на Лос Анџелес со намален број гости.
Засега не е познато кој ќе биде домаќин на церемонијата, но во 2017. и 2018. година тоа беше комичарот Џими Кимел, додека Кевин Харт ја одби понудата да биде домаќин во 2019. година, откако неговите пораки на Твитер, кои беа оценети како хомофобични, повторно се појавија на социјалните мрежи.
Академијата тогаш не најде замена за Харт, па разни актери се менуваа без да бидат домаќини на церемонијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Калиопи со концерти во Скопје и Битола

Македонска поп-рок ѕвезда Калиопи, ќе одржи ексклузивни концерти во Скопје, на 19 октомври, во „Арена …