Објавена е причината за смртта на актерката Бети Вајт

Причината за смртта на актерката Бети Вајт, која почина на последниот ден од 2021. година, неколку недели пред нејзиниот 100-ти роденден, е мозочен удар кој го доживеала речиси една недела претходно, а доказ за тоа е и умреницата чија копија ја објави TMZ.com. во понеделник.
Во делумно преработениот документ се наведува дека причината за смртта на Бети Вајт е „цереброваскуларен мозочен удар“, медицински термин за мозочен удар или губење на протокот на крв во мозокот предизвикан од згрутчување или руптура на крвните садови, што резултирало со оштетување на мозочното ткиво.
Во документ од Одделот за јавно здравје на округот Лос Анџелес се наведува дека мозочниот удар следел шест дена пред да умре актерката.

This image has an empty alt attribute; its file name is beti-vajt-4.jpg
Надлежните одбиле да ги коментираат информациите.
Извори блиски до актерката тврдат дека Вајт била присебна по мозочниот удар и дека на крајот починала мирно во сон, што го потврдил и Џеф Витјас, долгогодишниот агент и близок пријател на актерката.
По нејзината смрт почнаа да се шират гласини дека актерката починала како последица на бустер доза од вакцината, што Витјас категорично го демантираше.
Вајт почина на 31. декември, помалку од три недели пред нејзиниот 100-ти роденден. Таа претходно најави документарен филм за нејзиниот живот кој ќе биде прикажан во 900. американски кина на 17 јануари, денот на нејзиниот роденден.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …