(ФОТО) Разоткриена романсата на Анџелина Џоли!? Еден детал ја открил врската на убавата актерка и 15. години помладиот рапер

Пред неколку месеци медиумите објавија приказна дека една од најубавите жени на светот Анџелина Џоли и познатиот рапер Викенд се во тајна врска.
Еден детал ги разоткрил.
Иако беа фотографирани додека оделе заедно на вечера во познат ресторан во Санта Моника, на многумина оваа вест им била многу чудна за верување.
Особено затоа што после тоа убавицата била видена со нејзиниот поранешен сопруг Џони Ли Милер со кој отишла во станот.

This image has an empty alt attribute; its file name is angelina-joli-so-deckoto-2.jpg
Ниту Анџелина, ниту Викенд досега не биле расположени да ја коментираат нивната врска за која се шпекулира. Имено, вистината беше кажана на албумот на новиот музичар кој светот со нетрпение го очекуваше.
Кога албумот „Dawn FM“ ја здогледа светлината на денот, многумина беа особено заинтригирани од песната „Here We Go… Again“.
„И мојата нова девојка, таа е филмска ѕвезда… Си реков дека никогаш повеќе нема да паднам на некого, но еве не, таа е филмска ѕвезда…“ гласи дел од песната што секако е потенцијален доказ за нивната мистериозна врска.


This image has an empty alt attribute; its file name is angelina-joli-so-deckoto-1.jpg

Социјалните мрежи брмчат за оваа приказна, а не изостануваат ниту коментарите на фановите, тие тоа го сфатија како официјална потврда.
Да потсетиме, Викенд и Анџелина првпат беа фотографирани заедно во јавност во Санта Моника кон крајот на јуни оваа година. Потоа, по заминувањето, секој си заминаа дома и веста за нивната врска беше големо изненадување бидејќи претходно не се знаеше дека се пријатели, а камоли нешто повеќе од тоа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …