Подгответе се за вистинска зима: Еве што не очекува наредните денови!

Утрата ќе бидат многу студени, насекаде со минимални температури под нулата, оособено во четврток и петок, кога на места ќе се спуштат под -10 степени, најавуваат од УХМР.
Денес ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Утринските температури ќе се движат од -7 до 2, а дневните од -3 до 6 степени.
За утре (четврток) се најавува сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од северен правец.Утринските температури ќе се движат од – 13 до -3, а дневните од – 6 до 5 степени.
Во петок се најавува дека утрото ќе биде многу студено, преку денот претежно сончево со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Минимална температура: -14°C до -4°C. Максимална температура: -1°C до 8°C.
Во сабота исто така ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минимална температура: -9°C до -1°C. Максимална температура: 2°C до 10°C.
Недела ќе донесе сончево и студено со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минимална температура: -7°C до 0°C. Максимална температура: 1°C до 8°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …