Отворање на изложбата на слики и графики од студентите на Факултетот за уметност и дизајн на Меѓународниот Балкански Универзитет денес во МКЦ

Денес во Галеријата на Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе биде отворена изложбата на делата на студентите од Факултетот за уметност и дизајн при Меѓународниот Балкански Универзитет.

Изложбата претставува одбележување на соработката помеѓу двете институции и нивниот придонес во културната и социјална едукација на младите. Студентското претставување пред пошироката јавност ќе ги прикаже нивните креативни, иновативни и уметнички способности преку негувањето на традиционалните ликовни дисциплини како што е цртежот, графиката и сликарството.


Оваа иницијатива ги поддржува младите уметници да продолжат да ги градат своите креативни идеи, како и одлична можност да се сретнат со публика и критика надвор од образовниот процес. Со тоа им се овозможува реална пракса и поблиска интеракција со нивната идна професија. МКЦ отсекогаш претставувал простор за стимулирање на младата публика кое е од големо значење за формирањето и влијанието на културниот развој во заедницата.

Изложбата е отворена до 14 мај 2024 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 20.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои одличен почеток на работа. Соработниците би можеле да ви …