Откриени причините зошто Шакира го оставила Пике!

На шестгодишната љубов помеѓу колумбиската пејачка Шакира шпанскиот фудбалер, Жерар Пике, и пресудила зависноста на ѕвездата на Барселона. Нивните пријатели не откриле зошто раскинале, но навеле дека причината е „многу сериозна“
Шпанските таблоиди со години пишуваат дека Жерар Пике (30) има „малечки“ проблеми со коцкањето. Наводно, фудблерот во јули ја напуштил свадбата на Лионел Меси, на која дошол со Шакира и отишол во коцкарница.
Таа вечер во кус рок загубил илјадници долари, а на Шакира (40) од тој момент „и прекипело“.
Нивните пријатели тврдат дека Шакира веднаш се иселила од нивниот зеднички стан во Барселона. Иако двојката сеуште не го потврдила прекинувањето, извори за шпански портал велат дека „причината за раскинувањето е многу сериозна“.

Шакира и Пике имаат два сина, Милан (4) и Саша (2). Двојката се запознала на снимањето на спотот за песната „Waka Waka“ за Светското првенство во 2010. година.
Фудбалерот лани рекол дека, веднаш откако ја запознал, сфатил дека таа е жената на неговиот живот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …