Амал Клуни во мини фустан за нагласување на фигурата четири месеци по породувањето

Амал Клуни блескала на гала вечерта по повод откривањето на архивската колекција на Џани Версаче во Лос Ангелес. За оваа пригода избрала сребрен мини фустан кој ја истакнал нејзината мајчинска фигура…
Во пресрет на 20. годишнината од смртта на Џани Весаче, основач на популарната модна марка, продавницата „William Vintage“, на 10. октомври 2017 година на пазарот „ќе исфрли“ 500. архивски парчиња со потписот на славниот дизајнер.
Колекцијата опфаќа парчиња за облекување од периодот од 1977. до 1997. година, а ќе можат да се купат преку интернет страната www.farfetch.com.
Вилијам Бенкс-Блејни својот несекојдневен моден проект го покажал на гала вечерта во Лос Ангелес на која присуствувале бројни лица од јавниот живот.
Со својата појава најмногу внимание привлекла Амал Клуни, во сребрен мини фустан кој ја истакнал нејзината мајчинска фиура, четири месеци после породувањето.


Убавата адвокатка за човекови права фустанот го искомбинирала со златни штикли кои дополнително ја продолжиле нејзината силуета, а стајлингот го заокружила со децентна ташничка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …