(ВИДЕО+ФОТО) Скандал – Полицајци силувале тинејџерка: „Животот ми се распадна, ме ставија во комбе и ме силуваа 45 минути“

18.годишната тинејџерка од Бруклин обвинила двајца полициски детективи дека ја силувале по приведувањето поради поседување на дрога.
“Животот ми се распадна. Силувањето ме уништи. Кога ќе видам полицаец ме фаќа паника”, вели 18.годишната Ана Чемберс.
Двајцата осомничени детективи се суспендирани и одземени им се пиштолите и значките. Внатрешната контрола моментално ги истражува осомничените за да се утврди дали биле пријавувани пред овој случај.


Детективите Едвард Мартинс и Ричард Хол на 14. септември биле на тајна задача во Брајтон бич, со својот шеф Џон Еспи, кога детективите без објаснување се оддалечиле и отишле кон комбето.
Тие во паркот Каверт Вокс ја запреле девојката и двајца нејзини пријатели. Ги предупредиле дека не треба да пијат во паркот и ги претресле. Кога кај девојката пронашле марихуана и лек „клонопин”, и ставиле лисици на рацете и ја одвеле.
“Јас во себе имав прозак, но не ми го запленија, туку ми кажаа само да го чувам во шишенцето”, изјавил пријател на девојката, кој сакал да остане анонимен.


Jesus

Posted by Anna Chambers on Samstag, 30. September 2017


Детективите на нејзините пријатели им рекле дека ќе ја носат во полициска станица. Меѓутоа, девојката тврди дека ја одвеле во некое зафрлено место и ја силувале.
“Еден од детективите ја силувал”, изјавил нејзиниот адвокат и додал дека полицијата ја киднапирала и ставила во возило без никаква причина. „Била со лисици кога ја силувале”, рекол адвокатот.

После 45. минути ја исфрлиле од комбето и заминале. Еден од пријателите ја пронашол во близина на 60.тата полициска станица.
“Ми кажа дека ја силувале. Не можев да направам ништо”, рекол нејзиниот пријател кој ја одвел дома, а нејзините родители ја одвеле на преглед во болница.

Докторите утврдиле дека била сексуално злоставувана и веднаш се јавиле во полиција. Детективите на некои колеги им рекле дека таа прифатила да има секс со нив.

An 18-year-old girl says she was forced to commit sex acts, and was raped by two cops in New York, who instead of denying it, are claiming it was ‘consensual’.THIS IS DISGUSTING.

Posted by Philip DeFranco on Dienstag, 3. Oktober 2017

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …