Откриени нови здравствени проблеми од корона вирусот

Најчестите симптоми поврзани со инфекцијата со вирусот САРС-КоВ-2 се обично замор, треска и сува кашлица. Сепак, голем број на пациенти со дијагностициран вирус пријавиле симптоми поврзани со очите. Тие обично се поврзани со широка дијагноза на конјунктивитис, но не сите симптоми поврзани со очите можат да се припишат на таа дефиниција.
Истражувачи од универзитетот „Англија Раскин“ во Кембриџ, Англија, се обиделе да го откријат видот, фреквенцијата и времетраењето на симптомите поврзани со очите, пренесува N1.
Една студија објавена во BMJ Open Ophthalmology побарала од учесниците со дијагностициран ковид-19 да пополнат прашалник.
„Ова е прва студија за истражување на различните симптоми на очите кои укажуваат на конјунктивитис во однос на ковид 19, нивната временска рамка во однос на другите добро познати симптоми на ковид 19 и нивното времетраење“, рекла Шахина Пардхан, главен автор на студијата.
Учесниците во прашалникот опишале какви симптоми имале, колку траеле тие симптоми, а потоа биле споредувани со други познати симптоми на ковид 19. Исто така, се испитувало дали учесниците имале хронично заболување на окото, и ако да, дали ги имале и истите симптоми и додека имале ковид 19, пренесува Contagionlive.


Дали ова ќе стане официјален симптом на коронавирус?
Резултатите покажале дека само пет проценти од учесниците изјавиле дека имале болни очи пред да добијат ковид 19, додека 16 проценти рекле дека нивниот проблем е еден од симптомите за време на инфекцијата.
Фотофобија, чувствителност на светлина, е забележана кај 18 проценти од учесниците, иако била само за пет проценти поголема отколку во периодот пред Ковид 19.
Испитаниците, 83 проценти, рекле дека нивните симптоми поврзани со очите се случиле во рок од две недели од другите симптоми на ковид 19, а 80 проценти рекле дека нивните проблеми со очите траат помалку од две недели.
„Иако е важно да се вклучат симптоми поврзани со окото во списокот на можни симптоми на ковид 19, исто така е можно болните очи да бидат заменети со конјунктивитис затоа што е важно да се разликуваат од симптомите на други видови на инфекции, како што се бактериски инфекции, кои се манифестираат како мукозен исцедок или суво очи“, рекла Пардхан, додавајќи дека студијата е важна затоа што помага да дознаете повеќе за тоа што уште му овозможува на вирусот да се шири низ телото.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„LIVELYYY” – Дигиталната изложба по повод 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје

Денес во Ист Гејт Мол, со почеток во 12:00 часот, а по повод 50-годишнината од …