(ВИДЕО+ФОТО) Слики од руската зима поради што се радуваме што живееме овде

Мајката природа знае да биде сурова и прекрасна, а Кирил Баканов успеа да фати фотографии кои најдобро отсликуваат како изгледа руската зима.
Кирил е момче од Русија кое објавува временска прогноза на својот Твитер секој ден. Секоја негова публикација содржи и импресивна илустрација на скоро уметнички зимски сцени.
„Јас сум Кирил. Имам дипломирано екологија и геохемија. Пред пет години, по големото невреме што го погоди мојот град и уби две лица, се заинтересирав за метеорологијата и лошите временски услови“, изјавил Кирил за веб-страницата Bored Panda.
Повеќето фотографии ги наоѓа на руската социјална мрежа Vkontakte , каде користи клучни зборови при пребарувањето, а само пет проценти од содржината е направена од самиот него.
Погледнете ги фотографиите и видеата од руската зима што ги објави, а на кои ќе ве израдувате дека живеете овде:
Леден дожд во Владивосток


Замрзнати цвеќиња на замрзнати езера

Ледена бура во Владивосток

Лизгање во Киев

Норилск, северен Сибир

148.000 домови без струја

Снежно невреме – Улан Уде

Снег во Москва

Светлосни столбови – Киров

Фото и видео: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …