ОКТА со нова донација на Клиниката за инфективни болести ја поддржа борбата против COVID-19

ОКТА АД – Скопје со нова донација од 3.000 серолошкитестови ја поддржа борбата против корона вирусот. Донацијата, која е наменета за Клиниката за инфективни болести во Скопје, се состои од по 1.500 тестови за испитување на антителата IgG и IgMза КОВИД-19, коисоодветствуваат на опремата и Abbottапаратот за анализа со кој располага клиниката.

„ОКТА како компанија е свесна дека поддршката од бизнис заедницата е неопходна и токму затоа изминатава година нашите активности беа насочени во напорите за справувањето со корона вирусот. Имајќи ја предвид епидемиолошката состојба во државата, во соработка со Министерството за здравство, беше одлучено дека во моментов има најголема потреба од донација на серолошки тестови наменети за Инфективната клиника, како здравствена институција која носи најголем товар од почетокот на оваа криза“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.


Од почетокот на КОВИД-19 пандемијата, ОКТА во повеќе наврати преку разни донации ги поддржа јавните институции. Компанијата во април донираше вредна медицинска опрема на Клиниката за инфективни болести, додека во октомври го поддржа образовниот процес во општина Илинден преку донација на лаптопи и заштитни маски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …