Одлични трикови за шопинг: Неприкосновената модна икона советува!

Кејт Мос (44) во деведесеттите години „жарела и палела“ на модните писти а денес е признаена модна икона.
Славната манекенка неодамна во интервју за „Гардијан“ открила дека ги обожува продвниците за користени алишта бидејќи таму може да пронајде многу убави работи, како што таа вели „вистински скапоцени камења“.
Од неа можете да научите многу нешта кога станува збор за модата. Затоа, прочитајте ги нејзините совети, можеби вреди да се послуша.

Не се фокусирајте на брендовите
Луѓето главно бираат „марки“ бидејќи мислат дека тоа е гаранција за квалитет, но не е секогаш така. Поважно е да се провери квалитетот на ткаенината, кројот и состојбата на облеката, отколку да бидете опседнати со бренд.


Задолжотелно проверете каков е материјалот
Секое парче облека има етикета на која пишува каков е материјаот и како се пере. Одбегнувајте вештачки материјали, а избирајте ги оние природните како памук, кашмир и волна.

Не брзајте со купувањето
Ако видите нешто што ви се допаѓа, не го купувајте веднаш. Можеби во следната продавница ќе ја најдете истата работа по двојно пониска цена.


Посетете ги продавниците за „користени алишта“
Во нив можете да најдете вистински дијаманти, особено некои винтејџ парчиња кои не можат да се купат во друга продавница.

Отворете ги очите
Прегледајте ги сите полици бидејќи најубавата роба не е секогаш изложена на куклите. Отворете ги очите и бидете трпеливи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …