(ФОТО) Изберете еден симбол и дознајте дали за вас доаѓаат поубави времиња!

Дали нешто ве мачело во претходниот период? Дали долго откривате што е точно тоа што ви треба за да ви се „покрене“ животот и за да напредувате?
Овој тест ќе ви открие како всушност стојат работите…
Кој симбол најмногу ви го привлекува вниманието?


Лав
Ова ја симболизира вашата потреба да имате контрола над својата судбина. Лавот претставува симбол на Сонцето – крајниот извор на моќ. Овој избор укажува на тоа дека сте направиле се’ што можете за да живеете добро, но сепак се чувствувате заробени и како да не можете понатаму. Ве загрижуваат прашањата што и како понатаму и дали не требало да тргнете по друг пат. Морате да прифатите дека вашиот живот е всушност онаков каков што треба да биде, а кога ќе се помирите со тоа, ќе ви се отворат други начини и можности. Сите ваши дотогашни избори се направени со причина и вие морате да се помирите со тоа сознание.

Песочен чсовник
Доколку сте избрале песочен часовник, тоа значи дека се чувствувате заробени во времето. Свртени сте кон минатото и некое болно искуство кое таму ве држи. Чувствувате како да се давите, немате енергија и помирени сте со тоа дека животот не е лесен и убав. Ако било како можете, би требало да се помирите со минатото и да продолжите понатаму. Ќе бидете појаки од порано и сите трагедии
се всушност лекции за иднина. Живејте во сегашноста, бидејќи кога тоа ќе го научите времето ќе стане ваш пријател.


Месечина
Изборот на симоболот на Месечина открива дека вашето срце моментално е како
бојно поле. Нешто силно, длабоко во вс, не ви дозволува да имате мирен сон или потполно ве мачи несоница. Дали е тоа омраза, лутење или само страст? На вашиот дух му е потребен мир и најдобар начин за тоа е да ги изнесете емоциите искрено и отворено. Признајте си себе и на другата страна што чувствувате. Кога не се тајни, емоциите не не јадат, а нивното откривање секогаш донесува повеќе штета отколку корист.

Клуч
Ако сте избрале клуч, тоа значи дека на вашиот дух очајнички му се потребни одговори. Се’ што сте мислеле и во што сте верувале, одеднаш е ставено на испит. Можно е да сте се умориле од потрагата по вистината и точните одговори. Можеби сето тоа дури и’ ви здодеало. Ќе ви се случат одредени манифестации кои ќе ви помогнат да го совладате моменталниот период. Неопходно е некаде да отпатувате, макар и на еден ден.

Рака
Изборот на овој древен симбол укажува на тоа дека сте опколени со негативна енергија. Вашиот дух тежнее кон тоа да се ослободи од тоа и ако забележувате дека ви се случуваат чудни арботи, тоа се знаци кои се обидуваат да ве предупредат на ситуацијата. Но, интересно е дека ние отсекогаш сме заробени од туѓите злобни сили, но и дека секогаш имаме избор да се ослободиме од тоа.
Патот кон ослободувњето подразбира простување и љубов, прво кон себе, а потоа и кон другите. Пронајдете време за луѓето кои ги сакате и релаксација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 14.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ќе ве придружува добар работен ритам, имате многу енергија и без потешкотии ќе …