(ВИДЕО) Милионер глумел бездомник за да тестира реакција на келнер во ресторан – било поразително!

Милионер се облекол како бездомник за да сними реакција на персоналот на ресторан, а таа била поразителна.
Јутјуб ѕвездата и пранкстер Коби Персин (23) од Њујорк, тестирал персонал на ресторан во Флорида за да види како ќе реагираат на основа на нечиј изглед.
На почетокот на снимката Коби доаѓа до келнерот и го прашува може ли да добие маса за себе и пријателот, но келнерот му вели дека тоа место за него е „малку прескапо“.


„Не можеме да ве послужиме, нема да ве послужиме денес. Жал ми е поради тоа“, рекол келнерот, но Коби бил упорен. Сепак, келнерот му порачал да оди да се најаде во „Мекдоналдс“.
Потоа Коби се оддалечил и го повикал возачот кој пред ресторанот се довезол во „Ролс ројс“ со ташна полна со пари.
„Ти реков дека имам пари. Она што е лудо е начинот на кој си просудил за луѓето само преку изгледот. Би можел да го купам ова место само за да ти дадам отказ – имаш среќа“, му порачал Коби.
Како и обично кога станува збор за слични вирални снимки, некои се посомневале дека целата ситуација била наместена, но дури и во тој случај открива некои интересни работи за тоа како ги проценуваме луѓето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …