(ВИДЕО) „Оркестар Маестрал“ Битола, 30 години успешна музичка приказна

30. години јубилеј, во оваа 2018.тта прославуваат легендарните битолчани „Оркестар Маестрал“. Од првиот ден, до сега, тие функционираат во ист состав, освен еден член, првиот тапанар, Тони Шопески, кој ја напуштил групата поради селидба во Австралија.
Оваа прекрасна битолска музичка приказна, годинава ќе биде прославена на 1. Август, а подготовките се веќе во полн ек.
„Годинава славиме јубилеј, а тоа богами не е мала бројка. 30. години да создаваш музика и да останеш доследен на своето, само покажува со каква љубов и пристапуваме на музиката и со каква почит ја гледаме нашата публика. Јубилејот е премногу значаен момент за нас од повеќе аспекти, па затоа уште отсега течат подготовките“, велат од групата.
Неодамна Маестрал се вратија од едномесечна турнеја во Америка, организирана од управата на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ од Колумбос, Охајо.
„Голема благодарност до управата на црквата за гостопримливоста и организацијата на сите концерти кои се одржаа за време на нашата турнеја“ велат од „Маестрал“.


 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …