Од 17 до 23 јули по 15 пат ќе се одржи меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков -Дрен 2023“

Од 17 до 23 јули 2023 г., по 15 пат во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков -Дрен 2023„ на која ќе учествуваат 19 уметници од земјава и од странство.

-И годинава уметниците ќе работат на слободна тема, во повеќе дисциплини – скулптура, инсталација, сликарство, користејќи различни материјали, дрво, метал, прилепски мермер, односно природни материјали за уметниците кои ќе изработуваат инсталација, како и акрил на платно. Очекуваме годинава да се создадат 40 – тина нови уметнички дела, кои ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Колонијата започна како сликарска, а од 2021 меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков“-Дрен почнува со работа во скулпторски медиуми (метал, дрво, мермер…) со што се додава дополнителен квалитет на колонијата и се става акцент на работата во различни медиуми. Создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на изложба во Центарот, а претставување ќе има и во повеќе градови низ Македонија- вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот.


Колонијата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …