Пламенка Трајковска – гудачко трио ќе настапат во рамките на Кривопаланечко културно лето на 15 ти јули

Пламенка Трајковска – гудачко трио ќе настапат во рамките на Кривопаланечко културно лето на 15 ти јули ( сабота) во 20.00 часот на летната сцена на градскиот плоштад во Крива Паланка.

На програмата се композиции во кросовер стил, филмски теми и фолклорни теми во кросовер за гудачко трио.


Концертот е музичко шоу со кореограграфски и мултимедијални елементи и претставува музичка атракција во стилот на Ванеса Меј и Бонд квартетот.

Во гудачкото трио покрај виолинистката Пламенка Трајковска ќе настапат и Љубица Бошкоска на виола и Милена Гиевска Андоновска на виолина.


Пламенка Трајковска- мали камерни состави претставува музичко јадро кое има за цел да ја промовира камерната и класичната музика кај нас преку различни форми на мали камерни состави и преку изведба на различни видови музички програми. Во својот состав тие имаат гудачки трио и квартет, гудачки секстет и мал камерен состав. Креираат програми со класични композиции, кросовер, филмска музика и голем број на концерти наменети за доближување на класичната музика до децата.

Пламенка Трајковска – мали камерни состави, имаат реализирано концерти во Македонија на најзначајните културни манифестации Скопско лето, Бит фест, Штипско културно лето, Петровденски ракувања, Топол културен бран, Караманови средби, Кавадаречка културна есен, Велешко културно лето и многу други настапи на концертни сцени во Македонија и концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција, Танзанија и Турција.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Третото издание на „Клинци“ – младинско книжевно читање и изложба

Новиот концепт на книжевни читања наречен „Клинци“ во секое свое издание ве запознава со четворица …