По повод Месецот на полската литература, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци” ќе гостува Војќех Јагелски

По повод Месецот на полската литература, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци” ќе гостува Војќех Јагелски, автор на книгата „Сите војни на Лара”. Разговорот со авторот ќе го води проф.д-р Лидија Танушевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје.

На настанот закажан за 13 мај (понеделник) во 19 часот, му претходи (во 18.30 часот) отворањето на изложбата од студентите-учесници на конкурсот „Графика на годината” организиран од Графичкиот факултет при Академијата за ликовни уметности во Краков.


На 16 мај (четврток) во ГБСК гостува Роксана Јенджејевска-Брубел, авторка на книгата „Расположенијата на Хиполит Колбас”. Оваа писателка за деца ќе одржи и креативна работилница во нашиот Оддел за литература за деца во 17 часот.

Гостувањето на полските автори е дел од проектот „Полска на полица”, во кој партнер на Амбасадата на Р. Полска е токму ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци” – Скопје.


Настаните се со превод на македонски јазик.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …