Објавена е снимка на мачење од руските логори: Вознемирувачка е!

РУСКИТЕ независни медиуми денес објавија видео во кое наводно се гледа тортура врз затвореници во затворски логор.
Новаја газета, критична кон Кремљ, пишува дека снимките се направени во 2016. и 2017. година во камп во Јарослав, околу 250 километри северо-источно од Москва, и дека организациите за човекови права им ги доставувале на новинарите.
На видеото наводно се гледа како чуварите на затворот брутално тепаат двајца речиси голи осуденици. Една од жртвите, наводно, починала потоа во болницата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО, ГЛЕДАЈТЕ ГО НА СВОЈ РИЗИК


Претходно оваа недела мрежата „Ехо на Москва“ објавила случај на мачење маж од други затвореници во логор во близина на сибирскиот град Иркутск.
Наместо да и помогнат на жртвата, затворските стражари го врзале со лента и ги оставиле другите да го тепаат.
Според извештајот, управникот на затворот подоцна бил отпуштен.
Навални ќе биде испратен во затворски логор
Рускиот дисидент Алексеј Навални исто така ќе биде испратен во казненички логор откако московскиот суд ја потврди казната во саботата.



Неговите адвокати веруваат дека тој може да биде ослободен летото 2023. година со оглед на претходните казни и куќниот притвор.
Навални беше осуден за кршење на одредбите за условна казна во претходниот случај додека се опоравуваше од напад со отров во Германија. Казната билакритикувана како политички мотивирана.
Сè уште не е познато кога и каде ќе биде однесен.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …