(ФОТО) Кејт Мидлтон едвај чека повторно да менува пелени, доаѓа уште едно бебе?

Американскиот магазин Стар започна повторно да шушка дека принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон работат на своето четврто дете. Како што истакнуваат, меѓу нив имало „детска треска“, што предизвикало желба за уште едно дете, но потврдата за среќната вест сè уште не стигнала.
„Кејт навистина ужива да се дружи со децата. Толку се заедно поради пандемијата што се појави ‘детска треска’. Таа обожава да биде со нив, па не е ни чудо што се роди желбата за друго“, рекол анонимен извор и открил дека парот работи на своето четврто дете.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@kensingtonroyal)


За четвртото бебе на овој пар на големо се зборуваше во британските обложувалници. Алекс Апати од Ладбрукс рече: „’Бебе манијата’ во моментов е во полн ек во кралското семејство, па затоа не е изненадување да ги видите овие шпекулации. Покрај тоа, поранешната пријателка на Кејт еднаш раскажа детали од ова семејство, кои дури истакнаа дека Вилијам зборува многу за тоа четврто бебе“.
Инаку, војвотката ужива во шармот на мајчинството уште од 2013. година. Таа година го роди принцот Џорџ, а две години по него пристигна малата принцеза Шарлот. Три години подоцна, во 2018. година, пристигна принцот Луис, а Кејт во неодамнешното интервју во подкаст-шоуто „Среќна мајка, среќно бебе“ се присети на проблемите низ кои поминала во својата бременост.


„Имав тешка утринска мачнина, затоа не бев најсреќната бремена жена. Беше ужасно. Бев навистина болна, не можев ни да јадам, но за среќа моето тело успеа да го земе целото добро од организмот за да може да се создаде нов живот, што всушност е фасцинантно“, рекла таа и истакнала дека е најсреќна сега кога таа е со своите деца, затоа што навистина ужива во улогата на мајка.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …