(ВИДЕО) Рибар останал збунет со бебе од ајкула со „човечко лице“

Рибар во Индонезија останал збунет кога уловил бебе ајкула која изгледала како да има човечко лице.
Мутираната ајкула ја уловил Абдулах Нурен (48) во водите во близина на Рота Ндао во провинцијата Источна Нуса Тенгагара.
Рибарот прво случајно фатил возрасна женка ајкула, а кога и го отворил стомакот, внатре имало три младенчиња, пренесува Daily Mail.


Едно од нив имало изразито „човечки“ изглед, со две големи тркалезни очи под муцката.
„Двете бебиња беа како мајката, но ова изгледаше како да има човечко лице“, рекол Нурен, која ја однел ајкулата дома.
Тој вели дека соседите му понудиле купување, но тој одбил. „Мојот дом е полн со луѓе кои сакаат да ја видат ајкулата“, рекол тој. “Многу луѓе сакаат да го купат, но наместо тоа ќе го зачувам. Мислам дека ќе ми донесе среќа”.

Фото: Принтскрин/Daily Mail


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …