НОВО ОТКРИТИЕ НА НАУЧНИЦИТЕ: Имунитетот на корона вирусот е веројатно поголем отколку што покажуваат тестовите!

Додека се чека рецензија, студијата, е објавена на официјалната веб-страница на Институтот Каролинска

Новата студија на шведскиот институт Каролинска и универзитетската болница Каролинска покажуваат дека многу луѓе со благи или асимптоматски случаи на коронавирусот имаат имунитет со посредство на Т-клетки, дури и ако не се позитивно тестирани.
Според истражувачите, тоа значи дека човечкиот имунитет е веројатно поголем отколку што е прикажано со тестови за антитела.
Истражувачите анализирале имунолошки примероци на повеќе од 200 луѓе, од кои многумина имаат лесни или никакви симптоми. Студијата опфатила пациенти од универзитетската болница Каролинска и други пациенти, како и нивните асимптоматски семејства. Покрај тоа,биле вклучени и здрави донатори на крв од 2019. и 2020. година.
„Т-клетките се еден вид бели крвни клетки кои се специјализирани за препознавање на клетки заразени со вирусот и се суштински дел на имунолошкиот систем“, вели Маркус Бургет, доцент на Центарот за инфективна медицина на Институтот Каролина и еден од главните автори на овој научен труд.



Тој додава дека напредните анализи им овозможиле детално да се утврди одзивот на Т-клетките за време и по инфекцијата со КОВИД-19.
„Нашите резултати покажаа дека приближно двојно повеќе луѓе развиле имунитет на Т-клетки во споредба со оние кај кои можеме да откриеме антитела. Сега е неопходно да се извршат поголеми и надолжни тестови и на Т-клетки и на антитела за да се утврди колку е траен имунитет и колку се поврзани овие имуните компоненти со вирусот корона“.
Научниците исто така додадоа дека пациентите со тешка клиничка слика развиле силен имунолошки одговор.
„Нашите резултати покажуваат дека имунитетот на јавноста кон КОВИД-19 е веројатно значително повисок отколку што е прикажано со тестовите за антитела. Ова е многу добра вест од јавното здравство“, вели професорот Ханс-Густаф Јунгрен од Центарот за инфективна медицина.
Резултатите од ова последно истражување сè уште не ја поминале стручната верификација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …