Неделен хороскоп до 15 август: Два знаци треба да обрнат внимание на финансиите, а Раковите имаат големи шанси

Рак
Работа
Пред вас е официјалната вест што доаѓа од луѓе кои се хиерархиски над вас. Без разлика дали станува збор за признание, диплома или нешто слично, отвора нови можности за понатамошен професионален развој. Свесни сте дека сте на прагот на големи промени што ќе ви донесат нови шанси и посебно задоволство што го посакувавте.
Љубов
Главната тема во ова поле на животот се минатите времиња, неискреноста или тишината, без разлика дали се ваши или на саканото лице. Несигурноста за исходот може да предизвика голема непријатност што може да направи да се чувствувате дури и лошо. Кризата е привремена, без долгорочни последици.
Здравје
Алергија.

Лав
Работа
Лошо се снаоѓате во хаосот во кој се наоѓате. Стагнирате на местото каде што се најдовте, но не губите надеж. Се’ што се случува овие денови, во суштина, отвора поволни можности за кои веќе имате одлично чувство. Во меѓувреме, додека чекате, проверете ги вашите финансии бидејќи има непријатности во форма на казни или предупредувања за заостанати долгови.
Љубов
Варијабилноста на вашето расположение може да биде поттик за непријатни дискусии. Ако не ги контролирате големите емоционални осцилации, обичниот разговор може да се претвори во сериозен конфликт, по што нема враќање. Ако е можно, избегнувајте средба со партнерот овие денови.
Здравје
Болка во синусите.


Девица
Работа
Дејствувате страсно, вашите зборови можат да бидат злоупотребени. Не ви е лесно да се воздржите, но во моментов најдобро е да молчите. Потребна ви е промена и свесни сте дека е близу. Стравовите не ви дозволуваат да ги направите првите чекори иако не ви недостасуваат идеи. Возбудата и нервозата се минливи, а со нив и вашата неодлучност за тоа што понатаму.
Љубов
Бидете трпеливи со вашата сакана личност и не инсистирајте на вашите ставови, особено ако тие повлекуваат сериозни теми. Овие денови, имате тенденција да претерувате со се, дури и со проблемите. Ако подлегнете на притисокот, ќе се соочите со сериозно недоразбирање, а некои и со голема љубовна криза.
Здравје
Пазете се од повреди.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …