Неделен хороскоп до 15 август: Два знаци треба да обрнат внимание на финансиите, а Раковите имаат големи шанси

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Што ве очекува следните седум дена на работа, во љубовта и во областа на здравјето.
Овен
Работа
Овој период не е поволен за започнување нови активности бидејќи добивате значителен пад на енергијата. Време е да се направи сериозна рекапитулација на се’ што е направено. Ако тајно сте направиле некои потези, бидете свесни дека вашата работа и посветеност на работното место не поминале незабележано. Меѓутоа, за конкретни резултати, ќе треба да почекате уште малку.
Љубов
Се потпирате на вашиот партнер, наместо да ги засукате ракавите и сами да обезбедите излез од еден проблем. Можеби бегате од иницијативата затоа што треба да жртвувате нешто. Свесни сте дека може да ги нарушите односите во вашата љубовна врска, а за тоа, барем засега, не сте расположени.
Здравје
Проблеми со очите.

Бик
Работа
Пред вас се значајни осцилации со финансиите. Можете да најдете поддршка во кругот на деловни соработници, кои исто така станале ваши пријатели. Без оглед на предизвиците, уживате во забележлив прилив на енергија што ви недостасуваше. Доаѓаат нови обврски, па ве очекува напорна работа, за која барем засега нема да бидете соодветно платени.
Љубов
Врската од која многу очекувавте станува заморна. Саканата личност веќе не е расположена како порано, иако изгледа дека таа ве сака повеќе отколку што ја сакате вие неа. Тешко ви е да уживате, станувате свесни дека очекувањата на другите луѓе се голем товар за вас. Сето ова може да биде причина да размислите за раскинување.
Здравје
Главоболка.


Близнаци
Работа
Размислувате во која насока да продолжите, па оваа дилема ви предизвикува голема напнатост. Немате многу време да се двоумите, мора брзо да реагирате. Не губете време на стравови, туку размислете конструктивно и слушајте што се обидува да ви каже душата. Решението е точно пред вашиот нос, но упорно играте на сигурна карта која не ви носи резултати.
Љубов
И во бизнисот и во љубовта, неделата пред вас е полна со динамика. Потребна е многу енергија што нормално ја имате во изобилство. Разговорите што ќе ги имате овие денови нема да дадат спектакуларни резултати, затоа забавете и избегнувајте убедување.
Здравје
Контролирајте го крвниот притисок.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …