Астероид кој оди кон Земјата би можел сите да не направи милијардери

НАСА започнува мисија за проучување на астероид за кој се верува дека содржи толку многу благородни метали што сите на Земјата би биле милијардери. Богатството што го „носи“ тоа небесно тело се проценува на околу 10.000 милијарди долари.
Откриена во март 1852. година, 16 Психеја (Psyche 16), карпата е широка 200 километри. Век и пол по откритието, астероидот ќе биде во фокусот на проектот на НАСА, кој се очекува да започне во август 2022 година.

Леталото на Американската агенција за истражување на вселената треба да пристигне на дестинацијата четири години подоцна, на почетокот на 2026. година.
Ова ќе биде прво истражување на метали наместо камен и мраз, што е вообичаена практика во мисиите на небесните тела.
„За разлика од повеќето други астероиди што се карпи или ледени тела, научниците сметаат дека (металниот) астероид 16 Психеја тип М се состои главно од железо и никел слични на оние што се наоѓаат на Земјата“, наведуваат од НАСА.
Астероидот се наоѓа помеѓу Марс и Јупитер. Се верува дека дел од протопланетата била уништена од бројни судири со други тела за време на формирањето на Сончевиот систем.


Целта е да се реши мистеријата за потеклото на астероидот 16 Психеја
Тим во Калифорнија изработи мапа за температура која ќе им помогне на експертите на НАСА подобро да ги разберат својствата на површината на астероидот. Инфрацрвените слики на небесните тела обично даваат само фрагмент од податоците еквивалентни на еден пиксел, но истражувачите се надеваат на резолуција од 50 пиксели.
„Наодите се огромен чекор кон решавање на мистеријата за потеклото на овој необичен објект, за кој некои мислеа дека е дел од јадрото на протопланетата што немала среќа“, велат истражувачите задолжени за неодамнешните студии.
Откриле дека површината на астероидот е најмалку 30 проценти метал, а површинските карпи содржат и помали парчиња метал.
Врз основа на снимките направени од телескопот Хабл, се проценува дека вредноста на скапоцените метали на астероидот е околу 10.000 милијарди долари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …