Славниот холивудски пар Калиста Флокхарт и Харисон Форд (79) уживаат во Дубровник со нивниот син Лиам.
Не пропуштиле прошетка низ градот, и се искачиле по ѕидините.
Сепак, тие беа подготвени да позираат за фотографот на Пиксел. Форд бил облечен во едноставна сива маица и панталони за таа пригода, а неговата 22-години помлада сопруга била во црвен фустан со бели sвезди, додека преку рамото имала плетена торба. Двајцата имале патики на нозете.
Според дубровничкиот весник, за време на обиколката на градот и двајцата носеле маски, кои ги извадиле само за да се фотографираат.
Откако се симнале од ѕидините, тие прошетале по Страдун и влегоа во палатата Спонза.
Двојката била фотографирана и на терасата од вилата во која престојува, каде се релаксирале во лежерна облека, а на фотографиите се гледа и како Харисон ужива во масажата на рамото кое го повредил овој јуни.
Ивор: dulist.hr