Италијанската глумица Азија Арѓенто, која го продлабочила скандалот за продуцентот Харви Вајнштајн со своето сведочење во списанието „Њујоркер“ сега обвинила еден холивудски режисер за силување а навела и еден напад во Италија.
„Еден голем холивудски режисер со Наполеонов комплекс ми даде ГХБ дрога (назив на дрога за силување) и ме силуваше додека бев без свест, имав 26. години“ напишал глумицата на својот профил на Твитер без наведување на името.
Во одвоена обвинителна порака, ќерката на италијанскиот режисер Дарио Арѓенто, која многу млада ја почнала кариерата исто така напишала дека „еден италијански режисер/глумец во својата приколка го извади својот полов орган пред мене кога имав 16. години, и тоа додека разговаравме за ликот“.
Азија Арѓенто, која е погодена со јавните напади на неа во Италија и е многу критички настроена кон мачо атосферата која владее во нејзината земја, укажала на секцистичките вицеви кои ги изговорил Силвио Берлускони со аплауз на неговата партија, на еден официјален собир.
Во интервју за весникот „Stampa“ во неделата, глумицата долго говорела за своите обвинувања против холивудскиот магнат Харви Вајштајн, кој според нејзините зборови ја приморал н сексуален чин во собата во хотел на Азурниот брег во 1997. година, кога имала 21. година.
„Вајнштајн беше сериски предатор. Тој тоа им го направи на стотина жени. Скандалот не сае појави порано бидејќи тој сите ’ги угуши’. Тој им плќаше не само на жените туку и на весниците и новинарите“ рекла глумицата.
Во тој разговор таа исто така им замерила на бившиот званичник на Италија, Мирамакс, наведувајќи дека тој е индиректно одговорен за нејзиното силување затоа што ја одвел на средба со Вајнштајн на Азурниот брег, што тој човек го демантирал.
Таа вчера покренала англиска верзија на хаштагот #denounceallpigs (осуди ги сите свињи) кој го покренала една француска новинарка во француска верзија.
Не е само Вајнштајн: Глумица обвинила режисер за силување
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.