Земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтер е регистриран денеска во охридското епицентрално подрачје.
Според податоците од Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 11 часот и 18 минути регистриран е земјотрес чиј епицентар се наоѓал на 105 километри југозападно од Скопје и потекнува од охридското епицентрално подрачје.
Земјотресот бил почувствуван од населението во југозападниот дел од Македонија, и тоа во Охрид и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.