НЕ БИЛ ИЗВЕСТЕН – Принцот Хари на Интернет дознал дека кралицата Елизабета починала

Принцот Хари дознал дека кралицата Елизабета починала додека пребарувал на Интернет, изјавил извор од кралското семејство.
Како што објави Page Six, тој очајнички се обидувал да дојде до неа на време за да се поздрави, а лошата вест ја дознал читајќи ги порталите. За жал, тој пристигнал во Балморал два часа по нејзината смрт.
Анонимен извор рекол дека кралот Чарлс III утрото му се јавил на принцот Хари и му рекол дека треба да дојде во Шкотска бидејќи нејзиното здравје е лошо. Меѓутоа, подоцна никој од кралското семејство не го известил дека кралицата починала.

Хари и Меган Маркл останале уште неколку дена во Лондон по погребот, иако беа во лоши односи со остатокот од семејството. Британските медиуми објавија дека „двете страни се обидуваат да ги решат несогласувањата“.
„Исто така, сакам да ја изразам мојата љубов кон Хари и Меган додека тие продолжуваат да ги градат своите животи во странство“, изјави претходно Чарлс.
За потсетување, Хари и Меган живеат во Калифорнија со нивниот син Арчи и ќерката Лилибет.


Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го …