Навлезе студениот бран: Еве што се случува со времето

Студениот воздух веќе продре на северен Балкан а во моментов продира и во Хрватска и во Босна и Херцеговина па ќе се спушта понатаму кон југ и кај нас ќе стигне утре доцна попладне и навечер. Овој бран со себе нови врнежи од дожд а поради големиот пад на температурите на воздухот веќе на високите планини во Словенија започна да паѓа снег и е формирана снежна покривка. Освен во Словенија снег паѓа и на многу места од Алпските региони како и на Италијанските алпи, информираат од метеомакс.

Овој студен воздух кој се спушта од север и од северозапад понатаму можно е да донесе провејување на снег и на високите планини од Босна како и Црна Гора.


Не се исклучува можноста провејување на снег да има и на највисоките планински врвови од нашата држава и тоа во четврток.

Ќе има голем пад на температурите и веќе од петок минималните температури ќе бидат и рано зимски и речиси насекаде ќе се спуштат под 10 степени додека на некои места дури и под 5 степени а во Беровскиот регион и до близу нулата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Објавени добитниците на Нобеловата награда за мир

Комитетот за мир, кој е специјално избран од норвешкиот парламент, денеска во Осло ги објави …