(ВИДЕО) Објавени добитниците на Нобеловата награда за мир

Комитетот за мир, кој е специјално избран од норвешкиот парламент, денеска во Осло ги објави имињата на добитниците на Нобеловата награда за мир.
Победници за 2021 година се Марија Реша и Димитриј Муратов за слобода на говорот на Филипините и Русија.


На 1. март, Нобеловата фондација објави дека вкупно 329 кандидати биле номинирани за годинашната Нобелова награда за мир. Имињата на некои луѓе кои би можеле да бидат кандидати беа споменати во јавноста порано, а тоа се активистката за животна средина Грета Турнберг и противникот на Кремлин, Алексеј Навални.
Се споменуваат и Светската здравствена организација (СЗО), Алијансата за вакцини (ГАВИ), Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и Репортери без граници (РСФ).
Норвешкиот комитет за мир нема навика да ги објавува имињата на кандидатите во медиумите или на самите кандидати.
Наградата за мир се доделува во Осло, за разлика од другите Нобелови награди кои се доделени во Стокхолм, и традиционално се доделува на 10. декември, денот на смртта на основачот на наградата, шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел (1833-1896), пронаоѓачот на динамит.
Нобеловата сезона започна во понеделникот со објавувањето на добитникот на Нобеловата награда за медицина. Овогодинешните победници се американските научници Дејвид Џулиус и Ардем Патапутијан за откривање на рецептори за температура и допир.
Во вторникот беа објавени добитниците на Нобеловата награда за физика, Сукуро Манабе, Клаус Хаселман и Џорџо Париси. Тие беа наградени „за револуционерен придонес во разбирањето на сложените физички системи“.
Во средата, Нобеловата награда за хемија им беше доделена на германскиот научник Бенјамин Лист и британскиот научник Дејвид Мекмилан „за развој на асиметрична органокатализа“.
Во четвртокот, Нобеловата награда за литература беше доделена на Абдулразак Гурна, кој беше награден за „емпатично и бескомпромисно претставување на последиците од колонијализмот и судбината на бегалците заробени меѓу културите и континентите“, се вели во одлуката.
Нобеловата сезона ќе заврши во понеделник со објавување на добитниците на наградата за економија.
Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и чек за девет милиони круни (околу еден милион евра), а паричниот износ на наградата е поделен ако има повеќе лауреати во една дисциплина.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …