(ФОТО) Адел позирала за насловната страница на Вог и зборувала за слабеење – но и причините за разводот!

АДЕЛ позирала за насловната страница на модниот магазин „Вог“. Daily Mail пишува дека пејачката е првата славна личност што се појавила на насловната страница и’ на британското и на американското издание на списанието.
Адел во жолт фустан позирала за британското издание на списанието, а во зелен за американското издание. За фотографиите објавени заедно со нејзиното интервју, таа носела елегантна кошула и јакна. Меѓу другото, таа позирала и во тесен црн фустан. За фотографиите од корицата, Адел добила повеќе од три милиони лајкови.


View this post on Instagram

A post shared by Adele (@adele)


Во интервјуто за „Вог“, таа зборувала за слабеењето во текот на изминатите две години.
„Не сакав само да ослабнам, туку да станам силна. Мислев, ако станам физички силна, тогаш ќе ги контролирам и моите емоции. Вежбам два или три пати на ден”, рекла Адел. Таа зборувала и за разводот од Симон Конецки и признала дека го напуштила затоа што не била толку среќна во тој брак како порано.


„Ништо лошо не се случи, едноставно повеќе не ми одговараше. Би била за жалење ако не се ставам себеси на прво место”, рекла пејачката, за првпат допирајќи ја досегашната љубовна врска со спортскиот агент Рич Пол.
„Тој е толку забавен и паметен. Момците со кои бев порано мразеа внимание кога излегуваа со мене во јавност, беа под стрес. На Рич тоа не му е важно, него тоа не го лути”, рекла Адел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Инаку, Адел неодамна објави тизер за новата песна наречена Easy On Me која треба да излезе на 15 -ти октомври. Фановите на пејачката се воодушевени и очекуваат оваа песна да биде хит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …