(ВИДЕО) По остварувањето како мајка убавата пејачка – докторка, Симона, се враќа со синглот „FEEL SO GOOD”

По пауза од скоро година и половина од музичката сцена, нашата позната  пејачка и доктор дерматолог Симона Поповска со нов сингл.

Причини за оваа пауза се остварувањето на Симона како мајка и донесувањето на свет на синот Никола. Тоа е едно слатко и убаво бебенце кое многу личи на убавата мама Симона.


 

Симона е несомнено една од најдобрите женски вокали на нашата сцена.  До пред некоја година позната и како член на единственото денс  дуо кај нас Саунд Месинџерс  заедно со Дј Ерик Фокс, кои беа доста актуелни со настапи по клубовите низ земјава па и надвор од неа. И овој пат со заедничка соработка Симона и Ерик повторно ни подготвија убаво музичко изненадување.


Се работи за нејзиниот нов сингл со наслов “Feel so good”. Музиката е на Ерик Фокс и Рената Кралевска со текст на Рената Кралевска, во продукција на Ерик Фокс. Песната наскоро ќе се најде и на сите познати музички платформи како Spotify, Аppstore и тн..


Музичкото лирикс видео го изработи Зоран Зонде Стојановски.

Симона ни најавува уште неколку песни кои се очекуваат да излезат многу наскоро на македонски, а некои и на англиски јазик. Ова значи дека Симона ни најавува враќање на музичката сцена и нејзините настапи по локалите и клубовите.

Во продолжение погледнете го видеото за песната “Feel so good”.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …