МНОГУ КОРИСНА НАМИРНИЦА – Со помош на кафето можете да се ослободите од комарците, да исчистите многу валкани садови…

Љубителите на кафе може да имаат помал ризик од развој на рак, срцеви заболувања и Алцхајмерова болест. Некои истражувања исто така сугерираат дека консумирањето кафе го намалува ризикот од депресија. Сепак, покрај добар вкус, кафето е исто така многу корисно во вашето домаќинство.
Кафето содржи дитерпени кои можат да бидат токсични за инсектите. Кафето може да ги одврати комарците, овошните бубачки, бубачки и други штетници од вашиот дом. Оставете неколку зрна кафе близу каде се собираат инсектите, по некое време веќе нема да ги забележувате близу вас.


Ако пиете турско кафе собирајте го талогот и сушете на тераса. Кога ќе сакате да се заштитите до комарците едноставно запалете го и тие ќе избегаат од мирисот.
Ако сакате вашите исечени цвеќиња да траат малку подолго од вообичаеното, ставете кафе во водата. На некои растенија ова функционира многу добро веројатно поради магнезиумот и калиумот што се наоѓа во свареното кафе.
Кафето може да го освежи мирисот на вашиот тепих исто како сода бикарбона. Посипете го тепихот со кафе, оставете го преку ноќ и наутро добро пчоминете со правосмукалка.


Текстурата на кафето е одлична за чистење тврдоглави дамки на вашите садови. Само ставете лажичка кафе на сунѓер, истријте ги садовите, а потоа измијте го како обично. Бидете сигурни дека добро ќе ги исплакнете..
Чистењето на каминот може да биде неуредно, бидејќи пепелта може да создаде облак од чад. Но, кафето може да го спречи тоа. Посипете ја пепелта со кафе, а потоа извадете ја со шпатула.
Во зима, кафето може да биде одлична замена за солта. Кафето создава триење, па слободно нафрлете го по патот.
Кафето содржи азот кој помага да се ослободите од лошите мириси. Ставете кесичка со кафе во чевлите и тие секогаш ќе бидат миризливи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Охрид беше домаќин на 20-тото издание на Меѓународната регулаторна конференција за телекомуникации во организација на …