Крос, англиски актер, е најпознат по улогата на британскиот олимписки спортист Харолд Абарамс во филмот „Огнени кочии“, за кој освои Оскар…
Актерот Бен Крос починал во Виена на 72-годишна возраст по кратко боледување, потврдила неговата ќерка на Фејсбук, пренесува „The Guardian“.
„Со скршено срце, ја споделувам со вас веста дека мојот драг татко почина пред неколку часа. Тој е болен веќе некое време, но неговото здравје се влоши во последните неколку недели“, напишала таа.
Крос, англиски актер, најпознат по улогата на британски олимписки спортист Харолд Абрахамс во филмот „Огнени кочии“, за кој освои Оскар, е роден во Лондон во 1947. година. Дипломирал на Кралската академија за драмски уметности во Лондон.
RIP Ben Cross, Harold Abrahams from 'Chariots of Fire' and Mr. Rabbit from 'Banshee' pic.twitter.com/4yWk11rlXe
— Will🦒Menaker (@willmenaker) August 18, 2020