МЕДОТ во служба на убавината: Посветлете ја косата, омекнете ги усните, спречете акни

Покрај тоа што е многу здрав, медот може да придонесе и за подобар изглед.
Медот одамна се смета за еден од најздравите природни производи за телото. Покрај тоа што е исклучително здрав, медот може да се користи и за нега на кожа и коса бидејќи делува како благ пилинг, содржи антиоксиданси и има антибактериско дејство.

Еве неколку совети како да го направите медот главно оружје за убав и негуван изглед.


Помеки усни
„Кожата на усните е исклучително тенка, и затоа има потреба од соодветна грижа“

Прво, направете пилинг за усни направен од шеќер и мед. Потоа нанесете тенок слој мед на усните пред спиење.
Ќе се разбудите наутро со меки и мазни усни.


Лице без акни
Нанесете мед на воспалените делови на лицето и покријте ги со газа или ставете фластер, и оставете го медот да дејствува преку ноќ. Наутро, доволно е да го измиете лицето со вода.
Медот е ефикасен антибиотик кој често делува на бактерии отпорни на други антибиотици, а познато е дека овие бактерии, заедно со мртвите клетки и вишокот на себум, се причина за појава на акни на лицето.


Негувани краеви
Со помош на мед, можете да се ослободите и од расцветаните краеви на косата.
Доволно е да направите маска од мед и маслиново масло, која ќе ја оставите да дејствува во текот на ноќта додека спиете.
Нанесете ја оваа маска само на краевите, бидејќи е идеална за хидратација, и ќе ја нахрани сувата коса.

Одлична кожа
За сјајна кожа и сјаен тен, треба да измешате мед и чист гел од алое вера во сооднос 1:2.
Благодарение на витаминот Б содржан во медот, вашата кожа ќе биде поздрава и посјајна, бидејќи овој витамин е одговорен за нормално функционирање на кожата, обновување на клетките, како и заштита од слободните радикали и намалување на воспалителните процеси.

Посветла коса
„Ако сакате да ја осветлите косата, медот е најздравата и најбезбедната опција“

Измешајте мед со чај од камилица и истурете во шише со спреј. Потоа испрскајте ја косата пред спиење, ставете капа за туширање или завиткајте ја во пластична фолија и оставете да делува преку ноќ.

 

Кожа без митесери
Медот е ефикасен и кога станува збор за црни точки. Направете мешавина од мед и сок од лимон и нанесете ја пред спиење на проблематичните делови, а не на целото лице.
Кожата на лицето е најподложна на акумулација на нечистотија и себум во порите, поради што се формираат црни точки, а медот е одлична маска бидејќи ги врзува за себе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Совети од нутриционистите за време на постот: Еве како да останете физички силни

За време на постот се менува претходната исхрана, па затоа е потребно дополнително внимание на …