Мастер клас со Александар Русјаков

Денес во 13 часот, во Café Literatura во „ Скопје сити мол”, а во рамки на „Денови на литературата“, ќе се одржи „Мастер клас за пишување“ со Александар Русјаков.

Александар Русјаков е добитник на „Рациново признание“ за неговиот последен роман „Хотел меѓу две војни“ кој триумфира и на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2021 година. Досега има објавено неколку романи и збирка раскази: „Ме сакаш ли под дождот“ ( 2010), „Тринаесеттиот месец“ (2012) „Атена со пенис“ (2014) „Курвински хроники“ (2020) и „Албино трип“ (2021).


На овој мастер клас ќе дознаете како Русјаков пишува приказни што остануваат безвременски и релевантни. Дознајте како авторот на „Хотел меѓу две војни“ создава живописна проза и ги привлекува читателите со неговиот уникатен пристап кон раскажувањето и навлезете во неговиот креативен процес за развој на идеи во романи со силни структури и нијансирани ликови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …