Исидора Мун ве кани на роденден

На 17 февруари, во 11:30 часот, во кафе-книжарницата „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“, Исидора Мун ќе го слави својот осми роденден и многу ќе се радува ако дојдете да прославите заедно со неа. Иако е славеничка, таа ви подготвува мали и слатки изненадувања и за возврат го очекува вашето присуство.

Дојдете на роденденска дружба, за да го одбележиме заедно славеничкиот ден на нашата заедничка другарка. Затоа што роденденот е посебен празник на среќата, еден вид приредба за која се потребни многу насмеани гости и интересни содржини.


Исидора Мун е половина вампир, половина самовила и целосно уникатна! Таа е посебна, бидејќи е поинаква! Мајка ѝ е самовила, татко ѝ е вампир, а таа е по малку од двете, како и нејзината помала сестра Меденка. Сака да јаде самовилска храна и да се облекува вампирски. Нејзините другарчиња се човечки суштества, со кои учи во обично училиште за луѓе. Сите сакаат да се дружат со Исидора, затоа што е добра и грижлива другарка, а таа е неразделна од своето најверно другарче – Розовото зајаче, кадифена играчка што е оживеана со помош на магија.

Нејзините случки се преточени во книги што децата од целиот свет ги читаат со задоволство. Книгите за Исидора Мун се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку следниот линк https://www.literatura.mk/proizvodi?search=Исидора+Мун.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …