Малечкиот Горазд ја загубил раката во тешка сообраќајка, ДА МУ ПОМОГНЕМЕ на семејството околу неговото лекување!

Седумгодишниот Горазд Лиговски од село Митрашинци, Берово, во неделата попладне беше тешко повредено на дел од горниот екстремитет во сообраќајна несреќа, а во моментот со ампутирана рака се наоѓа во болница Аџибадем Систина.

Како што апелираат пријателите на социјалните мрежи, трошоците за лекување и рехабилитација на Горазд се околу 500.000 денари, а досега ја надминаа сумата од 250.000 денари, при што за понатамошно лекување и рехабилитација ќе бидат потребни најмалку уште толку.


Горазд Лиговски од село Митрашинци, Берово е 7 годишно детенце кое во неделата попладне на ден 26 јули 2020 година во…


Gepostet von Приказни од булеварот am Donnerstag, 30. Juli 2020

Да бидеме хумани да се солидаризираме и да им помогнеме на родителите да ја надминат тешката ситуација со што ќе успеат да ја обезбедат потребната сума за малиот Горазд.
Семејството прави напори да се обезбедат телефонски линии за донации за Горазд, а во текот на денот ќе се изготви и fundraiser за директни донации за Горазд на фејсбук.
Во меѓувреме ова се сметките за донации за малиот Горазд.
МК Сметка: 200002007841113 на име Весна Бошковиќ-Лиговска; Стопанска Банка АД Скопје.


Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 17.20 часот на регионалниот пат Виница – Берово, на место викано „Кошето“, атар на с.Будинарци, беровско.
Управувајќи патничко возило „сеат алтеа“, В.Б.Л.(31) изгубила контрола и удрила во карпа. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил седумгодишен сопатник, а со телесни повреди се здобила В.Б.Л., констатирани во Клинички центар „Систина“ – Скопје, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави поранешниот македонски кајакар Лазар Поповски

Лазар Поповски е роден на 19 мај 1975 година во Скопје. Тој е поранешен македонски …