Откако го родила своето седмо дете, Самвија Хенри објавила видео на Инстаграм како нејзиниот сопруг и помага по породувањето. Во едно возбудливо видео кое брзо стана вирално на социјалните мрежи, можеме да го видиме нејзиниот сопруг Антван како и помага со разни работи откако таа штотуку се породила.
View this post on Instagram
„Онаа кога само што ќе го родиш седмото дете, а сопругот ти помага 1000 проценти“, напишала таа во описот на видеото кое за рекордно време се рашири на интернет и ги трогна нејзините следбеници.
„Ова ме расплака, секоја чест на вашиот сопруг што ви помогна вака. Вакви мажи се ретки“, е само еден од многуте коментари на поддршка. Во коментарите имало многу жени кои се присетиле колку е заморен периодот после породувањето и колку е важно партнерот да помогне.
Фото: Принтскрин/Instagram