(ВИДЕО) ГИ НАРЕДИЛ СВОИТЕ СИНОВИ И ГИ УБИЛ: Пред масакрот објавил слика со нив

Таткото монструм, Чад Дорман (32) од Монро, Охајо, ги наредил своите три сина пред куќата, по што ги убил со истрели од карабин, јавуваат американските медиуми.
Вознемирувачката снимка од полициската камера го покажува моментот кога полицајците уапсиле татко од Охајо, кој седел покрај неговата пушка, откако ги убил неговите три момчиња.
„Сега покажи ми ги рацете“, вика полицаецот додека оди низ тревниот дел од дворот кон куќа во округот Клермон.
На видеото се гледа како Дорман седи на скалите пред куќата.
– Стани и дојди кај мене – вика полицаецот.
Дорман, сепак, продолжува мирно да седи на скалите. На видеото се гледа дека има чорапи, но нема чевли, а пушката уредно била до него. Тој не дал отпор при апсењето, пишува „Њујорк пост“.
– Нема да те повредам – ​​рекол Дорман откако полицајците го соборилое на земја и му ставиле лисици.


Се слуша и полицаецот како го прашува Дорман што се случува.
– Ништо – одговорил мирно, иако на само неколку метри од него лежеле телата на убиените деца.
Неговите синови биле на 7, 4 и 3 години.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …