Трагедија: Инфлуенсерка починала во камп за слабеење – се обидела да ослабе 100 килограми

Кинеска инфлуенсерка која се обидела да изгуби 100 килограми наводно починала додека била во камп за слабеење во северозападна Кина.
Смртта на 21-годишната инфлуенсерка Куихуа ги поттикна државните медиуми да предупредат на безбедносните ризици во камповите за слабеење и да изразат загриженост за притисокот под кој се жените за кои се очекува да се придржуваат до популарните стандарди за убавина, пишува Си-Ен-Ен.

Дополнително, се засилила и контролата на инфлуенсерската индустријата, бидејќи пред само неколку недели млад човек почина додека се снимал како пие неколку шишиња алкохол.
Куихуа го објавувала своето слабеење на своите десетици илјади следбеници на социјалната мрежа Douyin, верзија на TikTok – кинеска апликација недостапна во Кина – во обид да ги охрабри во нивната борба против дебелината. Таа неодамна објавила видео клип во кој изјавила дека има 156 килограми и планира да ослабе 100 килограми.
Кинеските медиуми објавија дека Куихуа изгубила повеќе од 27 килограми во изминатите два месеци во неколку кампови за слабеење во различни градови во Кина.


Откако беше објавено дека таа починала, сите видеа од тренингот на Куихуа биле отстранети од социјалните мрежи, а сликите биле избришани, според Си-Ен-Ен.
Според една американска телевизиска мрежа, кинеските медиуми објавија дека семејството на инфлуенсерката добило „надомест“ од кампот за слабеење на кој присуствувала пред нејзината смрт, но не е соопштено за каква отштета станува збор.

Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …